Екипата на Работнички по пауза од три години се враќа во регионалното кошаркарско натпреварување. Тимот од „Градски парк“ попладнево ќе го игра првиот натпревар од новата сезона во АБА2 лигата.
Работнички ќе настапува во „Б“ групата, а за противник во 1.коло ќе ја има црногорската екипата Сутјеска.
„За нас преставува огромно задоволство враќањето во АБА2 лигата.
Нашата група е можеби најсилна, но ние ќе го даваме максимумот на секоја натпревар.
Тимот на Сутјеска е многу искусен, со одличен тренер и секогаш играл добра кошарка.
Посакувам поддршка од трибините и од нашите „Сити Парк Бојс“ да дојдат во сто поголем број и ова да биде празник на кошарката. Очекувам фер и коректна игра од двата тима, па нека победи подобриот”,
изјави тренерот Горан Самарџиев.
Покрај црногорскиот тим, Работнички за противници ќе ги има и екипите на Војводина и Босна.
Денешниот натпревар што ќе се игра во СЦ „Кале“ ќе почне од 18 часот.