Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер попладнево од 18:45 часот гостуваат во Букурешт кај екипата на Динамо, која по првите две кола постигна две победи. Денешениот ривал ја има и фаворитската улога за која се свесни и во таборот на битолчани.
-
Ова е исклучително важна недела за нас бидејќи во кус период не очекуваат дуел од Лигата на шампионите и дербито до големиот ривал во домашното првенство Вардар. Динамо Букурешт е сериозен противник, екипа која во последните 8-9 години постојано се надоградува и сосема заслужено е во Лигата на шампионите, особено што имаат квалитетен играчки и тренерски кадар. Со позитивна енергија и со максимална борба можеме да стигнеме до добар резултат, истакна тренерот на Еурофарм Пелистер Бранислав Ангеловски.
Играчкиот кадар ќе биде во следните денови на голем тест.
-
Ние одиме чекор по чекор, треба да одиграме најдобро што можеме на двата дуела. Динамо е квалитетен тим со неколку интернационалци и романски играчи кои се меѓу најквалитетните. Двете победи што ги постигнаа во Лигата на шампионите не се случајни, изјави Павле Атанасијевиќ.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер во првите две кола претрпеа два пораза на гости со ПСЖ и на домашен терен со Фуксе Берлин.