Комесарот за натпреварување МКФ, Александар Милојевиќ, ги одреди казните за недоиграниот „пријателски“ натпревар помеѓу екипите на ТФТ и Чаир.
Натпреварот што се играше на 19 септември во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, беше прекинат поради тепачка.
При увидот во документацијата од натпреварот, комесарот Милојевиќ, парично ги казни двата клуба.
Воедно суспендирани се и двајца кошаркари на ТФТ , Нури и Наумовски, како и помошник тренерот на Чаир, Исмаили. Чаирчани на првите три натпревари на домашен терен во новата сезона ќе играат без публика. Казни добија и службените лица на натпреварот.