Приматот дербито на ова коло ќе го има дуелот меѓу шампионот Струга Тим Лум екипата на Шкупи. Иако чаирчани се далеку од посакуваните позиции на табелата и имаат само една победа, сепак дуелите со стружани секогаш привлекувале внимание.

Лидерот на табелата тетовска Шкендија како и второ пласираниот Работнички се два од трите тима кои немаат порази. Двете екипи денеска ќе играат пред своите симпатизери. Тетовци ја пречекуваа охридска Воска спорт која е претпоследна. „Романтичарите“ од Дебар Маало ќе бидат домаќини на струмичка АП Брера.

Гостивар е третиот тим кои по петте одиграни кола сеуште ја нема почувствувано горчината на поразот. Но дали ќе биде така и денеска по тешкото гостување во Кратово кај Силекс, останува да се види.

Голема борба за бодови се очекува да има во Кавадарци. Екипата на Тиквеш која е актуелен освојувач на Купот, и најтрофејниот Вардар, имаа големи амбиции пред стартот на сезоната. Сепак двата тима се во долниот дел од табелата со само 4 освоени од можни 15 бодови.

Тие заедно со Воска спорт, но и Беса и Пелистер кои денеска играат меѓусебно, според прикажаното досега, ќе водат тепка битка до крајот на шампионатот иако има многу да се игра.

ПМФЛ – 6.КОЛО

Недела (15 часот)
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА
ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – ВАРДАР
БЕСА – ПЕЛИСТЕР

Сите натпревари може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ