Спектакуларниот боксерски меч одржан на „Вембли“ во Лондон пред 96.000 гледачи му припадна на Даниел Дубоа.
Во борбата за шампионскиот трофеј во ИБФ верзијата, 27-годишниот Британец, Дубоа го нокаутира сонародникот Ентони Џошуа.
Бранителот на шампионскиот појас беше далеку подобар во текот на сите пет рунди. Во три наврати на подот го прати Џошуа, кој успеваше да се врати. Сепак, во петата рунда со силно кроше Дубоа едноставно „го заспа“ Џошуа.
За Дубоа ова беше 22-ра победа во 24-те меча, а Џошуа го претрпе четвртиот пораз (32 меча), па веќе почнаа коментарите дека за Ентони време е да се пензионира.
Со овој триумф Дуабоа добива можност следната година да го предизвика победникот од мечот меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури.
Украинецот и Британецот на 21 декември ќе се борат за обединување на титулите во три верзии ВБЦ, ВБА и ВБО.