Викендов ќе се играат натпреварите од третото коло во женската ракометна Супер лига.
Во ова коло кај дамите нé очекува возбудлив дерби натпревар помеѓу екипите на Вардар и Ѓорче Петров. Вардарки ќе го пречекаат актуелниот шампион на Ѓорче Петров во 14 часот, во спортската сала „Круме Кепески“.
Во рамките на група Ц, покрај натпреварот помеѓу Вардар и Ѓорче Петров, утре на програмата е и дуелот меѓу Деспина и Спартак.
Од група А Скопје го пречекува Ѓорче Петров МРК, додека Астибо ќе игра против Стружанка во Штип.
Во група Б денес ќе се одиграат два натпревари. Гевгелија гостува кај тимот на Металург Автокоманда, а Кумановки ќе се соочат со Овче Поле во Свети Николе.
Ова коло, екипите на Чаир, Пелистер и Шампион ќе бидат слободни.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – 3 КОЛО
21.09.2024 – САБОТА
12:00 АСТИБО – СТРУЖАНКА
13:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – КУМАНОВО
14:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ГЕВГЕЛИЈА
14:00 СКОПЈЕ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ МРК
14:00 ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
22.09.2024 – НЕДЕЛА
18:30 ДЕСПИНА – СПАРТАК
Ивона Кимовска