Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево, се одиграа натпреварите од петтото коло. Супер ефикасна беше оваа рунда во која на шесте натпревари беа постигнати 18 голови.

Најмногу во Струмица, каде АП Брера со 3-2 ја совлада Беса. На арената „Тодор Проевски“, беше постигнат гол помалку, а Работнички го совлада Тиквеш со 3-1.

Дербито на Чаир, каде кај Шкупи гостуваше лидерот Шкендија дуелот заврши со по еден постигнат гол на обете страни.

Со ист резултат заврши и натпреварот во Битола, каде Пелистер го угости актуелниот шампион Струга Трим Лум.

Најубедлив во ова коло беше Силекс кој со 3-0 славеше во Охрид кај Воска спорт.

По ова коло Шкендија останува лидер на табелата со 11 бодови колку што има и второ пласираниот Работнички. првакот Струга ТЛ заостанува еден, а Силекс и Гостоват имаат по два бода помалку (9).

Во долниот дел од табелата со по четири бодови од 9 до 12 место се: Беса, Тиквеш, Воска спорт и Вардар.

ПМФЛ – 5 КОЛО

ПЕЛИСТЕР – СТРУГА Т.Л. 1-1
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-1
АП БРЕРА – БЕСА 3-2
ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 3-1
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 0-3