Овој викенд ќе се одигра второто коло од женската Супер лига.

Оваа рунда носи возбудливо дерби од група А, во кое силите ќе ги одмерат екипите на Чаир и Ѓорче Петров МРК (2). Натпреварот е закажан за 16:00 часот и ќе се одигра во спортската сала „Христо Батанџиев“. Во рамки на истата група, тимот на Стружанка ќе биде домаќин на екипата на Скопје во Струга.

Од група Б двата натпревари ќе се одиграат во недела. Пелистер ќе гостува кај екипата на Куманово, додека Гевгелија за противник го има тимот на Овче Поле.

Во рамки на Група Ц, екипата на Ѓоче Петров ќе ги одмери силите со Деспина, додека Спартак ќе биде домаќин на Шампион во ,,Круме Кепески”.

Ова коло, екипите на Вардар, Металург Автокоманда и Астибо ќе бидат слободни.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 2 КОЛО

14.09.2024 – САБОТА
12:00 часот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – РК ДЕСПИНА
14:00 часот ЖРК СТРУЖАНКА – ЖРК СКОПЈЕ
16:00 часот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ МРК – ЖРК ЧАИР СКОПЈЕ
19:30 часот РК СПАРТАК – ЖРК ШАМПИОН
15.09.2024 – НЕДЕЛА
15:00 часот ЖРК КУМАНОВО – ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012
17:30 часот ЖРК ГЕВГЕЛИЈА – ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сите натпревари можете да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

Ивона Кимовска

ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО