По репрезентативната пауза и настапот на најдобрата фудбалска селекција на Македонија во Лигата на Нациите, продолжуваат натпреварите во Првата лига.

На ред се дуелите од петтото коло, а сите ќе се играат во недела од 15 часот.

Три екипи (Шкендија, Работнички и Гостивар) засега остануваа не поразени. Но тоа може многу лесно да се промени веќе во оваа рунда. Тетовци гостуваат во Чаир во дербито на колото. Во Маџари, Гостивар како домаќин го пречекува Вардар, дуел на кој домаќините најавија дека ќе се игра без публика, на што реагираат „комитите“. На арената „Тодор Проевски“ фудбалерите на Работнички ќе го угостат освојувачот на Купот кавадаречки Тиквеш.

ПМФЛ – 5 КОЛО

недела (15 часот)
ПЕЛИСТЕР – СТРУГА Т.Л.
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
АП БРЕРА – БЕСА
ГОСТИВАР – ВАРДАР
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС

ФФМ веќе ги одреди арни трите за овие натпревари