Во фудбалската Лига на нации денеска нови осум натпревари.
Дербито ќе се игра во најсилната „А“ конкуренција, на „Паркот на Принцовите“ во Париз. Полуфиналистот од последното Европско првенство Франција го пречекува поранешниот европски шампион Италија.
Интересен се очекува да биде и на два натпревари во „Б“ лигата. Во нив ќе играат четири селекции кои настапија на последното Еуро во Германија летово.
Во Љубљана, Словенија ќе ја пречека Австрија, а во Кардиф, Велс е домаќин на Турција.
УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ (петок)
А лига
20:45 Белгија – Израел
20:45 Франција – Италија
Б лига
16:00 Казахстан – Норвешка
20:45 Исланд – Црна Гора
20:45 Словенија – Австрија
20:45 Велс – Турција
Ц лига
18:00 Литванија – Кипар
20:45 Косово – Романија