Најдобро рангираниот светски тенисер Јаник Синер последниот што обезбеди пласман во полуфиналето на УС Опен.

Италијанецот, во последниот четвртините меч беше подобар од петто рангираниот Данил Медведев во четири сета.

Светскиот рекет број 1, по 2 часа и 41 минута игра го доби Русинот со 6-2, 1-6, 6-1 и 6-4.

Инаку Синер и Медведев годинава играа во финалето на првиот Гренд-слем, во Мелбурн, Австралија опен кое го доби италијанскиот тенисер.

Синер за противник во полуфиналето ќе го има Џек Дрејпер. Британскиот тенисер кој е 25-ти на АТП листата со 3-0 го победи 10-тиот Алекс де Минаур од Австралија.

Во првото полуфинале ќе играат Американците, Тејлор Фриц и Френис Тиафо.