Денеска, на состанокот на претставниците на сите 12-те клубови-учесници во Првата лига беа извлечени натпреварувачките броеви за новата сезона во мак-баскетот.

Со тоа се формираше и распоредот на натпреварите за сезоната 2024/2025.

Натпреварите од 1.коло се закажани за 5 и 6 октомври, Сепак сезоната ќе почне на 29 септември со дуелот меѓу освојувачот на двојната круна МЗТ Скопје и двојниот финалист Пелистер, во дуелот за Супер купот.

Двојки за 1.коло

Тиквеш – Пелистер
Вардар – Гостивар
Работнички – Феникс
ТФТ – МКК Куманово
МЗТ Скопје Аеродром – Шкупи
Чаир 2030 – Кожув