Екипите на Вардар и струмичка АБ Брера се на последните две позиции по четири одиграни кола во Првата лига.

Токму овие два тима играа меѓусебно во првата рунда, а струмичани се радуваа на победа. Потоа следуваа три врзани порази, па раководството на клубот реши на направи промена.

Бојан Кркуљ повеќе не е тренер на АП Брера Струмица, информираат од клубот.

Управата и српскиот тренер спогодбено го раскина договорот. Одлуката од двете страни е донесена откако првиот тим не ги даде очекуваните резултати на стартот од првенството и истите не се вклопуваат во амбициите и стратегијата на клубот за ова сезона.

„Сакам да му се заблагодарам на Бојан Круљ со неговите помошници за посветената работа во изминатиот период.

Одлуката е заедничка, во интерес на клубот за наредниот период. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер.

Ни следува репрезентативна пауза која ќе ја искористиме за максимална подготовка на првиот тим за следните мечеви од оваа сезона“,

соопшти генералниот директор на клубот Ване Стојанов

Круљ во струмичкиот клуб дојде лани во декември за вториот дел од првенствената сезона, кога го замени италијанецот Џовани Валенти. Под негова палка Брера во последната сезона го осигури опстанокот во Првата лига.