Стеф Кари ќе ја продолжи „љубовта“ со Голден Стејт се до летото 2027 година.

За ова „верност“ Кари ќе заработи дополнителни 62,6 милиони долари. Информацијата ја потврди неговиот менаџер Џеф Остин.

Кари пред две сезони потпиша четиригодишен договор со „Вориорс“ вреден 215,4 милиони долари и има уште две сезони до тој договор.

Тој целата своја кариера ја помина во Голден Стеј кој го избраа како седми „пик“ на драфтот во 2009 година. Во изминатите 15 сезони го предводеше клубот до четири титули (2015, 2017, 2018, 2022 година). Со „воините“ играше уште финалиња во 2016 и 2019.

Кари двапати (2015, 2016) ја освојуваше наградата за најкорисен играч, а во 2022 година беше и МВП на финалето.

Двапати беше најдобар стрелец во сезоната, а со 3.747 погодени тројки е рекордер на најсилната лига во светот во таа категорија.