Младинската репрезентативка Матеа Чурлиновска по две сезони повторно се враќа во редовите на матичниот клуб Деспина.
Минатата година Чурлиновска премина во редовите на шампионот Ѓорче Петров, каде имаше одлична сезона. Со екипата на Ѓорче, Матеа се закити со двојна круна.
Претходно таа настапуваше за Куманово, тим со кој го освои Купот на Македонија.
На младинското Светско првенство што се одржа во Скопје, Чурлиновска на неколку натпревари беше прогласена за МВП.
За тимот на Деспина ова е второ засилување откако претходно потпиша левото крило Адела Еленин. Екипата на Деспина во првото коло од женската Супер лига за противник го има тимот на Вардар.
Ивона Кимовска