Ноќта на УС опен во женскиот сегмент на турнирот мина без изненадувања. Фаворитките си обезбедија пласман во третата рунда, а меѓу нив се и ланските финалистки.
Бранителката на трофејот, Коко Гоф за 80минути со 6-4 и 6-0, ја победи Германката, Мариа. Американката во следната рунда ќе игра против Свитолина која доби украинската пресметка со Калинина (2:0).
Втората носителка Арина Сабаленка со 6-3 и 6-1 ја совлада Италијанката, Бронзети, па следна противничка на Белорусинката ќе и биде Александрова од Русија.
Викторија Азаренка немаше проблеми со Французинката, Бурел (2:0 во сетови), па закажа дуел со Јанг од Кина.