Женската одбојкарска репрезентација на македонија го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕП 2026-та.
Откако во Скопје загубија од Автсрија (0-3), вечерва нашите одбојкарки се поразени од Грција со истиот резултат (0-3).
На мечот одигран во Солун, домаќинките ја потврдија улогата на фаворитки. Гркинките ги добија трите сета, а на нашите одбојкарки им препуштија само 33 поени.
Во првиот сет црвено-жолтите освоија само 8 поени, во вториот 14, а во третиот 11 поени.
За напите одбојкарки за кои ова беше прво искуство во евро-квалификациите, останува следното лето да ги одиграат реванш дуелите.