Женската одбојкарска репрезентација на Македонија денеска ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за ЕП 2026-та.
Македонските одбојкарки за кои ова е прво евро-квлификациско искуство, ќе имаат тешка задача во дуелот со фаороитот.
Тој примат противничките го заслужуваат со рејтингот, но и победата над Австрија на гости со 3-0 во рамките од „Ф“ групата.
Во првиот од оваа конкуренција, Австријките ги совладаа нашите одбојкарки во Скопје со 3-0.
Јасно е зошто Гркинките се фаворитки, но нашите одбојкарки во Солун не отпатуваа со бело знаме.
Натпреварот Грција – Македонија што ќе се игра во Солун попладнево, ќе почне од 19.30 часот.