Откако машката одбојкарска репрезентација вчеравечер го одигра својот натпревар во евро-квалификациите против Грција (1-3), сега со истиот противник ќе играат дамите.
Македонските одбојкарки кои по подолг период пак играат во евро-квалификациите, ги очекува вториот меч.
Првиот во Скопје пред девет дена, нашите одбојкарки го загубија со 0-3 играјќи против Австрија.
Сега на ред е дуелот против Грција и тоа на гостински терен во Солун.
Задачата да се забележи позитивен резултат ќе биде на ниво на „невозможна мисија“. Ова имајќи в предвид дека грчките одбојкарки, вчера во својот прв меч, славеа на гостувањето кај Австрија со 3-0.
Сепак откажување нема, па напите одбојкарки ветуваат дека ќе одиграат на максимално ниво.
Дуелот меѓу одбојкарките на Грција и Македонија ќе се игра во среда со почеток од 19.30 часот.