Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа пет од шесте натпревари од третото коло.
Дербито на Чаир, му припадна на домашниот тим на Шкупи кој со 3-0 го совлада Вардар. Стрелци на головите беа Гуџуфи (33.минута), Ибиши од пенал (55) и Гуеје во судиското дополнение (90+4).
Пораз претрпе и шампионот Струга Т.Л. кој загуби на гостувањето кај Работнички со 2-0. Головите за „романтичарите“ ги постигнаа Гандо (26) и Аломеровиќ (40).
Минимални победи остварија Пелистер над Силекс со голот на Ивановси во 52.минурта и Беса која со погодокот на Љатифи (80) го совлада Тиквеш.
Честа на гостите ја спаси Гостивар која славеше во Охрид над Воска Спорт со 2-0.
Колото ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот АП Брера – Шкендија од 20 часот.
Сите голови од 3-тото коло може да ги видите овде.