Младата селекција на Македонија до 18 години загуби убедливо со 5:0 од соодветната репрезентација на Унгарија во контролен натпревар одигран во Телки.
Мондовиќ ја донесе Унгарија во предност од 1:0. Четири минути подоцна Егри ја зголемува предноста на 2:0.
Во продолжението и Баркочи се запишува во листата на стрелци за 3:0. Мондовиќ со својот втор погодок на денешната средба ја доведува Унгарија во предност од 4:0. Конечните 5:0 ги поставувi Канчисј.
Македонија се закани неколку пати опасно по голот на противникот, но без реализација. Шаботиќ и Радески ги имаа најдобрите прилики за нашата репрезентација на денешната средба.