Поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов повторно ќе го облече црвено-црниот дрес на скопски Вардар.
Информацијата е објавена на вардаровиот „Инстаграм“ профил, без дополнителни детали.
Искусниот 30-годишен фудбалер, во Вардар доаѓа како слободен играч, откако ја прекина соработката со екипата на Кишварда од Унгарија.
Инаку Николов во Вардар настапуваше три сезони во периодот од 2015 до 2018 година.