Во првото коло од новата сезона од Премиер лигата дел од фаворитите постигнаа победи на денешните дуели.

Арсенал пред своите гледачи го победи Вулверхемптон со 2:0 со головите на Каи Хавертц 25.минута и Бакајо Сака во 74.минута, а со истиот резултат Ливерпул славеше кај повратникот во Премиер лигата Ипсвич. Головите „црвените“ ги постигнаа за пет минути во вториот дел: Диого Жота во 60.минута и Мохамед Салах во 65.минута. Во Лондон, Астон Вила славеше на гостувањето кај Вест Хем со 2:1.

Најубедлива победа во стартното коло денеска постигна Брајтон на гостувањето кај Евертон со 3:0, додека Нотингем Форест и Бурнемут го одиграа едниствениот дуел без победник 1:1.

Во вчерашниот дуел Манчестер Јунајтед го победи Фулам со 1:0.

Утре се игра дербито на колото Челзи – Манчестер Сити (почеток 17.30 часот), а од 15 часот е дуелот Брентфорд – Кристал Палас. Колото ќе биде комплетирано в понеделник навечер од 21 часот со натпреварот Лестер – Тотенхем.