Минаа повеќе години откако Вардар и Пелистер го одиграа вечното македонско дерби во Првата лига.
,,Литите” ривали во недела ќе се сретнат во Скопје, во рамките од 2.коло на новата сезона.
Дуелот ќе се игра во вечерниот термин, а од таборот на црвено-црните денеска излегоа со соопштение до јавноста.
Во него се наведува како ќе се постапува пред, за време и по натпреварот. Воедно вардарци информираат дека картите за овој натпревар ќе чинат 100 односно 200 денари.
Соопштението на ФК Вардар ви го пренесуваме изворно во продолжение.