Машката младинска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз на Балканското првенство.
На шампионатот за играчи до 20 години, што се одржува во Врњачка Бања, Македонија беше поразена од Србија со 3:0.
Освен во првиот во кој беа рамноправни, но го загубија на разлика (27:25), другите два противникот ги доби убедливо (25:17 и 25:16).
Така нашата селекција заврши како трето рангирана (последна) во А групата, па сега ќе ги чека противниците во разигрувањето. Тоа ќе го решат во меѓусебен дуел денеска младинците на Молдавија и Албанија.
Македонските одбојкарски надежи денеска се слободни, а утре ќе играат со последно пласираната селекција од А групата. Тоа е натпревар од разигрувањето од 4 до 7 место. Доколку го добијат би играле уште еден и тоа за четвртата позиција во конечниот поредок.