Младата машка репрезентација на Македонија, забележа важна победа на Европското првенство за ракометари до 18 години во Подгорица.
Во натпревар во разигрувањето за пласман од 17 до 24 место, Македонија ја победи Италија со 23-19.
Во првиот дел, освен почетното водство (0-1 за Италија), се останато беше во полза на нашите кадети. Имаа македонските ракометари и највисоки три гола разлика. Сепак во финишот му дозволија на противник да израмни (11-11).
Во второто полувреме, македонските кадети одиграа на посакуваното ниво. Постојано го контролираат резултатот, ја имаа посакуваната гол разлика. На крајот заслужено славеа со четири разлика 23-19.
По овој исход, македонските надежи ќе се борат за пласман од 17 до 20 место. Сепак, она што е поважно, тие изборија настап во елитната европска конкуренција и на следното првенство.