Младата машка репрезентација на Македонија, го продолжува настапот на Европското првенство за ракометари до 18 години во Подгорица. На ред е третиот натпревар во разигрувањето за пласман од 17 до 24 место.
Македонските кадети, напладне, ќе го играат последниот натпревар од втората фаза по групи. Противник на црвено-жолтите ќе биде селекцијата на Италија.
По неочекуваниот пораз од Грција пред два дена, сега избраниците на селекторот Таневски се пред императив на победа против Азурите. Имено Италија е водечка селекција во групата со максимални 4 бодови, пред Грција и Македонија со 2, односно Украина без бод.
За да се избегне опасната зона за испаѓање во понизок ранг на натпреварување мора да се победи Италија. Победата треба да виде изразена со најмалку два гола разлика, бидејќи во случај на триумф на Грција над Украина, три репрезентации би имале ист учинок.
Само со победа од два и повеќе голови Македонија во тој круг би била прво рангирана во групата. Тоа би значело разигрување од 17 до 20 место, но уште поважно опстанок во елитната конкуренција.
Дуелот Македонија – Италија ќе почне од 12 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.