Машката кадетска репрезентација на Македонија претрпе нов пораз на Европскиот шампионат за ракометари до 18 години.
Иако сите очекуваа победа во дуелот со нашиот јужен сосед, сепак лошата игра во вториот дел им го донесе на македонските надежи четвртиот пораз на првенството.
Противникот, Грција славеше минимален триумф со 26-25
Во првото прво полувреме нашите надежи одиграа добро. Во два наврати имаа и пет голови предност, а на одмор заминаа со два плус 11-9.
Затоа пак во вториот дел, очајна игра на македонските кадети. Му дозволија на противникот да направи низа од четири голови и да поведе со 11-13. И наместо брзо да ги консолидираат редовите и да ја преземат контролата над резултатот се случи спротивното. Тотален распад на играта на македонските „таленти“. Имаа избраниците на Таневски и шест голови негатива, за на крајот за загубат со еден разлика 25-26.
Сега нашите кадети ќе мораат по потешкиот пат да се обидат да обезбедат опстанок во елитната европска конкуренција. Тие ќе мора да слава победа во последното коло (в четврток) против Италија и тоа со најмалку три разлика. Само така би биле меѓу двете селекции кои ќе се изборат за раздигување од 9 до 12 место, но и опстанок во подобрата конкуренција.