Младата Јана Ѓошевска е најновото засилување во тимот на Металург Автокоманда. Ѓошевска игра на позицијата лево крило. Таа доаѓа од екипата на Куманово каде одигра една сезона.
Јана потекнува од школата на Металург каде ги помина младинските категории.
Металург Автокоманда успеа да го задржи поголемиот дел од тимот така што ги продолжи договорите со Сара Миновска, Таида Беровиќ, Анастасија Трпевска, Марија Гугуљанова, Исидора Котевска и голманката Амра Терзиќ.
Воедно Металург се засили со Стефани Ристиќ, Ивана Димоска, Софи Ѓошевска, Анастасија Величковска и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.
Металург Автокоманда во женската Супер лига го освои третото место и обезбеди учество во Европскиот Куп. Во него тимот на Металуг во втората рунда ќе се соочи со турскиот Гореле.
Ивона Кимовска