Младата ракометна репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Европскиот шампионат. Дури во четвртиот меч македонските кадети се израдуваа на првата победа.
Македонија ја совлада Украина со 26-21, во првиот дуел од разигрувањето за пласман од 17 до 24 место.
Во првото полувреме двете селекции играа нервозно. Мака мачеа да го најдат патот на топката до противничката мрежа. Ниту една репрезентација не успеа да направи повеќе од еден гол предност. Во таквата игра резултатот по 30,минути беше нерешен 10-10.
Така беше и на почетокот на вториот дел, односно до 38.минута, кога резултатот беше израмнет 14-14. Следуваше серија од пет гола на македонските ракометари за прва посериозни предност на една од селекциите (19-14). Таквата предност се покажа како решавачка, па Македонија славеше со конечни 26-21.
Самоил Ристевски со 8 голови беше најефикасниот наш ракометар, додека Дамјан Митев беше стрелец на 6.
Утре македонските кадети ги чека дуел со нашиот јужен сосед, Грција.