Најголемиот спортски настан во светот Летните Олимписки игри во Париз, го минуваат својот последен ден. А, тој ќе донесе распределба на дури 23 сета на медали.

Започна со женската атлетска маратонска трка, а ќе заврши со женското кошаркарско финале.

Во 9 часот ракометарките на Шпанија и Словенија ќе го играат бронзениот медал. натпревар.

Потоа, ватерполистите на Унгарија и САД ќе ги одмерат силите во дуел за третото место од 10.35 часот. Кошаркарите на Белгија и Австралија од 11:30 часот ќе играат за бронзата, а од 13 часот за златниот медал.

Половина час подоцна Германија и Данска ќе ги одмерат силите во битката за златниот медал во финалето на ракометниот турнир.

Големото машко финале во ватерполо Србија – Хрватска е закажано за 14:00 часот, додека финалето во женска кошарка е во 15:30 часот.

Американците досега се најтрофејни со 122 медали вкупно, но имаат еден помалку златен од Кинезите кој досега собраа вкупно 90 (39 златни).

Свеченото затворање е закажано за 21.00 часот

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА
ОИ ПАРИЗ 2024 | ЗАВРШНИ НАТПРЕВАРИ РАСПОРЕД by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА