Со женското кошаркарско заврши натпреварувачкиот дел на 33-тите Летни Олимписки игри во Париз.
Американските кошаркари на својата земја и го донесоа 40-тото злато, со што САД се израмни со спортистите од Кина по бројот на најсјајни одличја.
Сепак Американците се неприкосновени кога во прашање е вкупниот број на освоени медали. Тие се единствената нација што ја мина бројката над 100 освоени медали (126), а имаат дури 36 повеќе од Кинезите (91).
Далеку зад нив се останатите земји учеснички.
Останува свеченото затворање на игрите во Париз (21 часот), а следните 34-ти се во Лос Анџелес (САД) 2028 година.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА