Младата репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години, попладнево ќе го игра третиот натпревар на Европското првенство во Подгорица.
По пропуштеното во дуелот со Франција и поразот од Германија, вчерашниот слободен ден, добро им дојде на макеоднските кадети.
Избраниците на селекторот Наум Танески, во рамките од третото, последно, коло од првата фаза по групи ќе играат против Полска.
Полјаците како и нашите кадети претрпеа два, но високи и убедливи порази од Германците (18 разлика) и Французите (15). Затоа, ако нашите репрезентативци бидат најмалку на рамништето на претходните натпревари, а можеби и подобри, тогаш треба да очекуваме, прва победа на Македонија.
Дуелот меѓу Македонија и Полска ќе почне од 14.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.