Кадетската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Европското првенство за ракометари до 18 години.
Во последниот натпревар од првата групна фаза, Полска ја надига Македонија со 30-26. Речиси во текот на целиот натпревар противникот беше оној кој ја контролираше играта и резултатот.
Имаа Полјаците во повеќе наврати и пет голови предност. Избраниците на селекторот Таневски не беа на нивото на претходните два натпревари, па на крајот заслужено се порозни.
По овој пораз македонските кадети ги загубија шансите за местата што водат на Мундијалот следната година.
Сега им останува да разигрува за пласман од 17 до 24 место, односно за опстанок во елитната конкуренција.