Ракометарите на Данска го освоија бронзениот медал на Олимписките игри, откако ја совладаа селекцијата на Шведска со резултат 30:25 (15:13).

Со тоа практично данските ракометарки не им дозволија на Швеѓанките втор пат да ја освојат бронзата како во Токио.

Мије Хејлунд беше најефикасна во репрезентацијата на Данска со пет гола, а Ема Фрис, Хелена Елвер и Трина Естергард постигнаа по четири.

Во шведската селекција најдобра беше Натали Хагман која постигна пет гола.

Ракометарите на Норвешка и Франција денеска од 15 часот ќе играат за златниот медал.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА