Домаќинот на ОИ во Париз, може да се радува на ново финале на своите кошаркари. Триколорите се првите кои обезбедија пласман во дуелот за златниот медал.

Ова откако Французите во полуфиналето број еден, го совладаа актуелниот светски шампион Германија со 73-69.

На повидок е реприза од финалето од Токио пред три години, кога во мечот за златото играат Французите и Американците кои го освоија најсјајното одличје.

Сепак за тоа ќе се прашуваат, барем нешто, Србите кои со големи амбиции дојдоа на овој олимписки турнир. Потсетување дека САД и Србија веќе играа во групната фаза, а американскиот „Дрим тим“ го доби тој натпревар со 26 разлика.

Како ќе биде вечерва во полуфиналето ќе дознаеме по натпреварот што ќе почне од 21 часот.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА