Дванаесеттиот ден на Летните Олимписки игри (ЛОИ) во Париз е во тек.
И денеска на олимписките борилишта ќе изостане настап на македонските спортисти. Но, затоа веќе утре нé очекуваат два.
Прв ќе се појави борачот Владимир Егоров кој ќе настапи во категоријата до 57 килограми слободен стил.
По Егоров, ќе следува настапот на таеквондиската Милјана Рељиќ која немаше среќа при ждрепката. Таа во првата елиминациска рунда (12.40 часот) ќе се бори со двојната олимписка шампионка, Џеиј Џонс од Велика Британија.
Сепак Мила, вели дека тоа не ја обесхрабрува, напротив тоа и дава поголема мотивација.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА