Машката кадетска репрезентација на Македонија го почнува настапот на Европското првенство. Шампионатот за ракометари до 18 години годинава се одржува во Подгорица, Црна Гора.
24-те репрезентации се поделени во шест групи по четири селекции. Македонија е во исклучително тешка група, во која покрај Германија, која ја освои бронзата во 2022 година, ќе се соочи со Франција и Полска.
Задачата да се повтори успехот на повозрасната селекција (У20) ќе биде исклучително тешка. Пласман меѓу осумте најдобри ќе биде огромен успех, но и место во разигрувањето од 9 до 16 место. Второто е поверојатна варијанта, а тоа значи и директен пласман на следното Светско првенство.
Македонските ракометари денеска напладне (12 часот) ќе играат против Франција.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА
Среда, 07.08. Македонија – Франција 12.00 часот
Четврток, 08.08. Македонија – Германија 12.00 часот
Сабота, 10.08. Македонија – Полска 14.30 часот