11-тиот натпреварувачки ден на Летните Олимписки игри во Париз нови нови возбудувања, како во индивидуалните така и во колективните спортови.
Медали ќе бидат доделени во повеќе индивидуални спортови (велосипедизам, скејборт, кајак спинт, борење, бокс…).
Секако најголемото внимание пак ќе биде насочено кон „Сад Де Франс“ каде се одржуваат натпреварите во атлетика. Таму на програмата се четири финални дисциплини.
АТЛЕТИКА
19:57: Финале фрлање кладиво – жени
20:15: Финале во скок во далечина – мажи
20:50: Финале 1500м – мажи
21:14: Финале 3000м стиплчез – жени
21:40: Финале 200 метри – жени
Во колективните спортови во преден план денеска се дамите, кои ќе се натпреваруваат во три, а мажите само во еден спорт.
ФУДБАЛ
Единствените кои веќе ја започнуваат првата рунмда од битката за медали се фудбалерките. Тие денеска ги играат полуфиналните натпревари, по кои ќе дознаеме кои селекции ќе се борат за златото, а кои за бронзата.
ОИ ФУДБАЛ (ЖЕНИ) – 1/2 ФИНАЛЕ
18:00 САД – ГЕРМАНИЈА
21:00 БРАЗИЛ – ШПАНИЈА
РАКОМЕТ и ОДБОЈКА
Првата нокаут фаза, односно четвртфиналето, е на програмата кај ракометарките и одбојкарките.
Актуелните шампионки од Токио, а домаќинки на оваа Олимпијада, Французинките одбраната на златото ќе ја почнат во дуелот со Германија. Вице-шампионките Норвежанките кои беа единствените со максимални пет победи, полуфиналето ќе го бркаат во дуелот со Бразил.
ОИ РАКОМЕТ (ЖЕНИ) 1/4 ФИНАЛЕ
09:30 ДАНСКА – ХОЛАНДИЈА
13:30 ФРАНЦИЈА – ГЕРМАНИЈА
17:30 УНГАРИЈА – ШВЕДСКА
21:30 НОРВЕШКА – БРАЗИЛ
На одбојкарскиот турнир, златните Американки од Токио почнуваат со дуелот против Полска. Во оваа рунда ќе има два дерби дуели. Бразилките и Италијанките кои забележаа по три победи во групната фаза ќе играа против Доминиканската Република и Србија.
ОИ ОДБОЈКА (ЖЕНИ) 1/4 ФИНАЛЕ
09:00 КИНА – ТУРЦИЈА
13:00 БРАЗИЛ – ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА
17:00 САД – ПОЛСКА
21:00 ИТАЛИЈА – СРБИЈА
КОШАРКА
„Кралицата на спортските игри“ како ја нарекуваат кошарката ги носи четвртфиналните дуели кај мажите. Американскиот „Дрим тим“ кој е топ фаворит за златото ќе игра против Кариоките. Победникот од тој дуел во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од мечот Србија – Австралија. Актуелниот светски првак Германија за противник ќе ја има Грција. Домаќините Французите ќе имаат тежок противник во Канада во чии редови има бројни НБА играчи и ѕвезди.
ОИ КОШАРКА (МАЖИ) 1/4 ФИНАЛЕ
11:00 ГЕРМАНИЈА – ГРЦИЈА
14:30 СРБИЈА – АВСТРАЛИЈА
18:00 ФРАНЦИЈА – КАНАДА
21:30 БРАЗИЛ – САД