Одбојкарите на Полска се првите кои обезбедија место во полуфиналето на Олимписките игри во Париз.

Полјаците во првиот меч од четвртфиналната рунда беа убедливи во дуелот со Словенија и ја совладаа со 3:1 во сетови. По сетови Полска го доби мечот со 25-20, 24-26, 25-19 и 25-20.

Предводени од најдобриот одбојкар на денешницата, Вилфредо Леон кој освои 20 поени, Полска заслужено е меѓу четирите најдобри.

Кој ќе биде противник на Полска во полуфиналето закажано за во четврток, ќе дознаеме по одигрувањето на мечот САД – Бразил кој е последен на денешната програма (21 часот).

Претходно ќе биде комплетиран првиот полуфинален пар, а него ќе гои сочинуваат победниците од дуелите, Италија – Јапонија и Франција – Германија.

ОИ ПАРИЗ 2024 | ЗАВРШНИ НАТПРЕВАРИ РАСПОРЕД by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА