Јуниорската репрезентација на Македонија со осум победи на исто толку одиграни натпревари го освои златото на ЕП (Б дивизија) одржано во Скопје.
Очекувано, во најдобрата петорка на првенството се најдоа двајца (а можеа и повеќе) македонски репрезентативци.
Центарот, Марко Луканоски кој првенството го заврши со дабл-дабл просек со 14,1 поен по натпревар и 10,3 скокови.
Меѓу петмината е и Никола Јаничиќ со просечни 22,6 поени по натпревар, па со право го понесе и признанието за најкорисен играч (МВП).