Мотоциклистот на Дукати, Енеа Бастианини, победи на Големата награда на Велика Британија во Мото ГП шампионатот.
Италијанецот блесна на седум круга пред крајот кога го мина тимскиот колега Бањај. Ја дочека грешката Мартрин кој беше члидер, успеа да го мине и го забележи својот вториот триумф викендов. Бастианини вчера беше најбрз и во спринтот на Силверстон.
Второто место го зазеде Хорхе Мартин, додека подиумот го комплетираше актуелниот шампион Франческо Бањаја.
Бастианини освои 37 поени на Големата награда на Велика Британија и ја намали разликата зад новиот лидер Мартин и бранителот на титулата Бањаја во генералниот поредок.