Американките се првите што обезбедија пласман во полуфиналето на женскиот олимписки фудбалски турнир во Париз.
Селекцијата на САД во четвртфиналето со 1-0 ја победи Јапонија и тоа по продолжение откако регуларниот дел заврши без голови (0-0).
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во судиското дополнение на првото продолжение (105+2 минута), а стрелец беше Тринитри Родман.
22-годишната фудбалерка на Вашингтон инаку е ќерка на легендарниот кошаркар Дени Родман.
Американките во полуфиналето ќе играат со подобрата селекција од дуелот меѓу Канада и Германија.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА