Актуелните олимписки шампионки ракометарките на Франција со пет победи ја завршија групната фаза на игрите во Париз.

Домаќинките во натпреварот од Б групата ја надиграа Шпанија со 32-24. Триколорките го потврдија првото место, па заедно со Холандија и Унгарија се сигурни четвртфиналисти.

Последниот патник во четвртфиналето од оваа група ќе го дознаеме по директниот дуел меѓу Ангола и Бразил во кој на африканската селекција доволен и е нерешен резултат.

Пласман во четвртфиналето од А групата имаат обезбедено Норвешка, Шведска и Данска. Четвртата селекција ќе се решава меѓу Германија, Кореја и Словенија, кои имаат по два бода.

ОИ РАКОМЕТ – ЖЕНИ (последно 5.коло)
09:00 Унгарија – Холандија 26-30 (А група)
11:00 Шпанија – Франција 24-32
14:00 Бразил – Ангола
16:00 Словенија – Шведска (Б група)
19:00 Норвешка – Германија
21:00 Данска – Јужна Кореја

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА