Жулиен Алфред е новата олимписка шампионка во најбрзата атлетска дисциплина.
Атлетичарката од островската држава Света Луција беше најбрза во трката на 100 метри и го освои олимпиското злато во Париз.
До својот прв олимписки медал Алдред истрча во време од 10,72 секунди и го собори националниот рекорд.
Среброто и бронзата им припаднаа на Американките, Шакара Ричардсон со време 10,87 односно Мелиса Џеферсон 10,92 секунди
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА