Ништо ново кога во прашање е атлетската дисциплина фрлање ѓуле во машка конкуренција. Во неа веќе трета олимпијада доминира Американецот, Краузер.

По Рио де Жанеиро и Токио, американскиот фрлач на ѓуле Рајан Краузер го освои златото и во Париз. До третото последователно злато тој стигна со фрлањето од 22,90 метри, што е најдобар резултат во сезоната.

Ништо не е сменето во однос на претходните две олимписки натпреварувања кога станува збори за сребрениот медал. Трет пат по ред го освои Џо Ковач, уште еден Американец (22.15).

Бронзата ја освои Рајиндра Кембел од Јамајка (22.15).

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА