Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз e првиот што обезбеди пласман во финалето на Олимпијадата во Париз. Младиот Шпанец за само 75 минути го совлада Феликс Ожер-Алиасиме.
Алкараз кој е втор фаворит на олимпискиот турнир на Канаѓанецот му препушти само по еден гем во двата сета (6-1 и 6-1).
Младиот Шпанец сега ќе го чека исходот од втората полуфинална пресметка меѓу Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети, која е на програмата од 19 часот.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА