Репрезентациите на Холандија и Шведска си обезбедија пласман во четвртфиналето на женскиот ракометен олимписки турнир.

Ова откако Холанѓанките, утринава во првиот меч од денешната програмна, ја совладаа селекцијата на Бразил со 31-24. Со тоа Холанѓанките ја остварија третата победа во А групата во која и Французинките веќе имаат три.

Во конкуренцијата „Б“ тоа го направи Шведска која беше подобра од Јужна Кореја.

ОИ РАКОМЕТ – ЖЕНИ (претпоследно 4.коло)
09:00 *Холандија – Бразил 31-24 (А група)
14:00 Шпанија – Унгарија (А група)
16:00 Ангола – *Франција (А група)
11:00 Јужна Кореја – *Шведска 21-27 (Б група)
19:00 Германија – Данска (Б група)
21:00 Словенија – Норвешка (Б група)
*пласман во четвртфиналето досега обезбедија: Франција, Холандија (А група), Шведска (Б група).

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА