Најдобриот светски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е последниот полуфиналист на ОИ во Париз.
Ова откако вечерва на централниот терена на „Роланд Гарос“, првиот фаворит за златото Ѓоковиќ во два сета го победи Гркот, Стефанос Циципас.
Во првиот сет еден брејк и тоа на Ѓоковиќ во четвртиот гем, ја направи предноста, па Србинот го доби сетот со 6-4.
Во вториот сет Циципас врза два брејка и поведе со 4-0. Но тоа не му беше доволно на Гркот за стигне до израмнување. Ѓоковиќ се врати во игра, го одведе сетот во тај-брејк. За тоа пак е експерт, го доби со 7-3 на поени, а мечот со 2:0 во сетови.
Ѓоковиќ за место во финалето ќе се бори со Лоренцо Мусети кој го елиминира бранителот на златото од Токио, Александер Зверев.
Во второто полуфинале ќе играат Шпанецот, Карлос Алкараз и Канаѓанецот, Феликс Огер-Алијасиме (Канада).
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА