Во „кралицата на спортовите“ атлетиката ги добивме првите носители на медали од Ои во Париз.

Утринава се одржа првата финална дисциплина, 20 километри брзо одење во машка конкуренција.

До златото стигна Брајан Пинтадо од Еквадор кој оствари време од 1:18:55 час. Тоа беше за 14 секунди побрзо од сребрениот Сиао Бонфими од Бразил.

Бронзата му припадна на Шпанецот, Алваро Мартин кој заостана 16.секунди зад новиот олимписки шампион.

Денеска ќе се одржи и трката во женска конкуренција на 20 километри.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА